Пациент што можеби се заразил со вирусот Ебола е примен на лекување во клиника во Сакраменто, во американската сојузна држава Калифорнија.
Пациентот е ставен во карантин, а персоналот што го лекува има заштитна облека.
Се уште се чекаат резултати од анализа на крвта. Од ебола во светот досега починаа 1.229 лица, во најголем дел во четири држави во Западна Африка.