Нетанјаху нареди уништување на „терористички цели“ во Појасот Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на армијата да уништи „терористички цели“ во Појасот Газа по ракетниот напад од палестинска територија и нарушување на примирјето.

Три ракети истрелани од Појасот Газа денеска паднаа во реонот на градот Бершеба, јужен Израел. Ракетите беа истрелани пред полноќ, пред истекот на примирјето, соопшти претходно израелската армија.

Армијата за нарушувањето на примирјето го обвини Хамас. Палестинското исламистичко движење, под чија контрола е Појасот Газа, не го коментира инцидентот.

Портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум за неуспехот на мировните преговори во Каиро го обвини Израел.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците