Поради тепачка помеѓу пилот и член на екипажот, непосредно пред полетување од Каиро, патничкиот авион на компанијата „Сауди Арабијан ерлајнс“, бил евакуиран и приземјен шест часа.
Повеќе од 150 патници биле евакуирани во транзитниот хол, додека обезбедувањето не ги смирило учесниците во инцидентот.
Стјуардот имал повреди на главата и му била укажана прва помош на аердромот, додека пилотот се здобил со повреда на окото и бил префрлен во болница.
-Тепачката се случи кога авионот требаше да полета- изјави шефот на аеродромската полиција, полковник Мутаз Јусеф.
Инаку се уште не е позната причината поради која се случил инцидентот помеѓу пилотот и стјуардот.
Е. Г.