Пет лица загинаа, меѓу кои две деца, откако училишен автобус налетал на мина поставена на пат во северозападниот дел на Пакистан.
Експлозијата се случила во градот Кар во провинцијата Баџур, долж границата со Авганистан, а загинале две деца, две наставнички и возачот на автобусот.
Засега се уште никој не преземал одговорност за нападот, но провинцијата Баџур во последните години е упориште на неколку офанзиви на пакистанската војска против талибанците и странски милитанти.