Седумнаесет заболни од ебола избегале од карантин вo Либерија

Од:

Властиоте во Либерија трагаат по 17 болни од ебола, кои избегаа од центар за изолација што ноќта меѓу саботата и неделата беше нападнат од локални жители вооружени со ножеви и стапови.

Според санитарните власти во земјата, 17 пациенти кои покажеле позитивен тест на ебола, избегале од центарот за изолација, што неодамна беше организиран во гимназија во Вест Поинт, предградие на либерскиот главен град Монровија.

– Најлошото е што оние кои го нападнаа и разграбаа центарот, од него ги зеле душеците и чаршафите, кои се натопени со телесни течности на болните, потенцира министерот за информации Луис Браун.

Тој напомена дека е можно во карантин да се стави целата населба од 75.000 жители, како што веќе беше сторено со три северни провинции.

– Луѓето кои го разграбаа центарот, сега веројатно се носители на вирусот ебола. Ставањето на населбата под карантин е можно решение, предупреди тој.

Според сведоци, напаѓачите на центарот за изолација скандирале пароли против претседателката на Либерија, Елен Џонсон Срлиф и тврделе дека во земјата нема епидемија од ебола.

Во Нигерија, пак, досега се регистрирани 12 потврдени случаи на заразени од вирусот ебола, од кои петмина се речиси целосно излекувани, а четворица починаа.

Националниот штрајк на лекарите ја отежнува борбата со епидемијата од ебола во земјата. Министерството за здравство во четвртокот отупшти 16.000 лекари, откако тие одбија да го прекинат својот штрајк.

Со 413 починати од вкупно 1.145 жртви на еболата во западна Африка, Либерија е најсериозно погодена од вирусот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Од воведувањето на вонредната ситуација во земјата, на 6 август, Либерија со новорегистрираните смртни случаи ги претекна Сиера Леоне и Гвинеја.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски