Средба на гостиварскиот градоначалник Бејта со министерот без ресор Чако

Од:

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта денеска имаше средба со министерот без ресор во Владата Фуркан Чако на која ги разгледуваа можностите за реализација на неколку значајни проекти за кои е потребна поддршка на државните институции и странски донатори.

– Разговаравме за проблемите и грижите со кои се соочуваат гостиварските граѓани, за министерот да има можност да го запознае владиниот кабинет, со проблемите кои ги имаат граѓаните на Гостивар во сите области. Покрај тоа, министерот ќе оствари и официјална средба во Република Турција и му препорачав, таму да ги запознае раководителите на институциите со проблемите за кои бараме решенија, изјави градоначалникот Невзат Бејта.

Министерот Фуркан Чако рече дека како ќе се залага приоритетните проекти на Општина Гостивар да се ставаат на дневен ред на владина седница. Чако нагласи дека за овие работи ќе разговара и при посетата на Република Турција.

– Оваа средина е мошне значајна бидејќи утре патувам на официјална посета во Република Турција. Проблемите кои ги нагласи градоначалникот, ќе ги дискутираме со раководителите на институции кои ќе ги посетам. Ќе остварам средби во пет општини на Турција со министри, градоначалници, гувернери и раководители на Стопански комори, ќе бидат разгледан и можностите на финансирање на овие проекти, за кои што градоначалникот Бејта изрази целосна готовност за соработка, изјави министерот Фуркан Чако, по посетата на општина Гостивар.

Како поважни проекти кои беа разгледани на средбата помеѓу градоначалникот и министерот Чако, беа спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, изградба на канализација во селата Долна Бањица и Здуње.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли