Едно лице загина во сообраќајка кај Струмица

Од:

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село.

Во несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички.

Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. од струмичко Моноспитово.

Со повреди се здобил неговиот сопатник М.К. кој е пренесен во струмичката болница.

Полицијата се уште извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин.

Би можело да ве интересира

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко