Епидемијата ебола се шири побрзо отколку што стигнува помош

Од:

Епидемијата ебола што веќе го однесе животот на над 1.000 лица во западна Африка, се шири побрзо отколку што хуманитарните организации можат да помогнат, предупреди денеска организацијата „Лекари без граници“.

Светската здравствен организација (СЗО) ден порано соопшти дека размерите на епидемијата во голема мерка се потценети и оти потребно е да се преземат „вонредни мерки“ за да се запре ширењето на смртоносната болест.

СЗО соопшти дека бројот на починати во најголемата епидемија на ебола за четири децении се зголеми на 1.069 во четири земји во кои таа владее – Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне.

– Ситуацијата се влошува побрзо и епидемијата се шири побрзо отколку што можеме да одговориме на неа. Ситуацијата е како во воено време, изјави директорката на Лекари без граници Џоана Ли на новинарите во Женева.

СЗО вчера соопшти дека се очекува епидемијата да трае уште некое време.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски