И Британија ќе ги вооружува ирачките Курди

Од:

Официјален Лондон се согласи да почне со вооружување на силите на ирачките Курди, кои се борат против џихадистите во северниот дел на Ирак.

Ваквата одлука на британската Влада претставува драстична промена на позицијата на Велика Британија во однос на сегашната ирачка криза.

Британскиот премиер Дејвид Камерон досега се противеше на барањата на домашните воени и политички експерти, како и на пратеници од неговата Конзервативна партија за воено вклучување на Лондон во Ирак, согласувајќи се само на испраќање хуманитарна помош за загрозените јазиди и христијани на ирачкиот север, кои се најдоа на удар на сунитските џихадисти.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд на денешната средба во Брисел ќе ги информира своите колеги од ЕУ, за промената на британската позиција, како и за прифакањето на францускиот план за доставување оружје на Курдите кои сега единствени војуваат со џихадистите.

Ваквото решение е донесено на вчерашниот состанок на британскиот Комитет за вонредни ситуации КОБРА, со кој претседаваше премиерот Камерон.

Извори од Даунинг стрит 10, на кои се повикуваат лондонските медиуми, откриваат дека Велика Британија на Курдите ќе им достави високо софистицирана техника за ноќно војување, но дека е подготвена и за испраќање оружје и муниција.

Велика Британија прифати да го транспортира оружјето за курдските борци од земјите на Источна Европа, членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници