Здравко Дејановиќ на 27 јули годинава стана првиот Македонец што го искачи вториот највисок планински врв во светот К-2 на Хималаите.
Станува збор за еден од најопасните и најсмртоносните врвови што досега го искачиле само 300 алпинистите од целиот свет, пренесе Канал 5.
Дејановиќ вели дека искачувањето на К-2 за него било и физички и психичко понапорно отколку искачувањето на Монт Еверест.
Претходно покрај битолчанецот Димитар Илиевски на врвот на светот се искачија кардиологот Сашко Кедев и Илина Арсова.