Претставничката на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ изјави денеска дека приведувањето на двајцата новинари кои известувале за граѓански немири во предградие на Сент Луис, е неприфатливо и претставува јасно кршење на правата на медиумите на слобода за објавување вест, соопшти ОБСЕ.
Новинари на „Вашингтон пост“ и „Хафингтон пост“, Весли Лауери и Рајан Реили ги приведе локалната полиција на 13 август додека пишувале извештаи за демонстрации поради убиството на локален жител. Новинарите подоцна биле ослободени без подигнување обвинение.
– Новинарите имаат право да известуваат за јавни протести и полицијата во тоа да не ги вознемирува, нагласи Мијатовиќ.