За два дена регистрирани 56 нови смртни случаи од ебола во Африка

Од:

За два дена, недела и понеделник, се регистрирани 56 нови смртни случаи и 128 нови случаи на заразување со вирусот на ебола во Западна Африка, покажуваат најнови податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

До 11 август сегашната епидемија на ебола го однесе животот на 1.069 лица, а 1.975 се заразени.

Во Гвинеја има четири нови случаи на заразување и четири смртни случаи, во Либерија – 71 нови случаи на зараза и 32 смртни случаи, во Нигерија еден смртен случај без нови зарази, а во Сиера Леоне – 53 нови случаи на зараза и 19 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски