Либискиот Парламент поддржа странска интервенција во земјата

Од:

Парламентот во Триполи се произнесе со мнозинство во полза на странска интервенција за заштита на цивилното население во Либија, каде крвавите борби меѓу непријателските милиции го зајакнаа хаосот, изјави денеска либиски пратеник.

Со 111 гласови од присутните 124 пратеници либискиот Парламент усвои резолуција која ја повикува меѓународната заедница итно да се вмеша во заштита на цивилното население во Либија, главно во Триполи и Бенгази, изјави пратеникот Абу Бакр Бира.

Од средината на јули Либија ја зафатија крвави судири меѓу различни милиции во престолнината и во источниот град Бенгази.

Либиските власти исто така и не успеваат да ги контролираат десетиците милиции, формирани од поранешни бунтовници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски