Турците, Холанѓаните и Србите најбројни туристи во јуни

Од:

Над 50 илјади странски туристи ја посетиле Македонија во јуни годинава. Најголем број 8.522 се од Турција, следуваат од Холандија 4.766, Србија 4.528, Грција 3.828, Бугарија 2.925, Словенија 2.121, а регистрирани се и 1.369 туристи од САД.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број странски туристи во јуни изнесува 51.498 и бележи раст од 11,2 проценти, а вкупно во првите шест месеци годинава изнесува 285.974 странски туристи со раст од 6,1 отсто.

Вкупниот број туристи во јуни изнесува 70.673, а бројот на ноќевањата 170.898.  Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.9 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.8 отсто.

Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите  е зголемен за 6.1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5.2 отсто, а кај странските има зголемување за 6.5 отсто.

Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.5 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1.4 отсто, а кај странските има зголемување за 6.8 отсто.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ