До крајот на годината ќе бидат отворени 14 нови градинки

Од:

Четиринаесет нови градинки ќе бидат отворени до крајот на годинава во 13 општини во земјава. Со нивното профункционирање, од кои дел од нив ќе бидат готови и во септември, ќе се зголеми капацитетот на сместување деца во државните детски градинки за 750.

Ова го соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција, кој рече дека вредноста на инвестицијата е еден милион евра.

Нови градинки ќе дoбијат Дојран, Демир Капија, Василево, Босилово, Моноспитовo, кочанско Оризари, Истибања, Карбинци, Могорче и скопските Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај.

Дел од овие градинки се нови објекти, дел се проширување на постоечките капацитети и дел се адаптација на простории во други објекти од образовен карактер.

Средствата, како што соопшти Ѓорѓиев, се обезбедени заеднички од Владата и локалната самоуправа.

Тој најави дека Владата, согласно потребите, во иднина годишно ќе се отвораат 10 нови градинки.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски