Научниците откриле дека нултиот пациент, кој заболел и починал од најновиот вид на вирусот на ебола бил двегодишно дете од Гвинеја.
Момчето имало треска, крвав пролив и повраќало, а по четири дена, било толку изнемоштено поради што починало. Набргу по неговата смрт од исти симптоми починале и неговата мајка, тригодишната сестра и баба му.
Вирусот набргу се проширил и надвор од границите на Гвинеја, но било потребно подолго време да се открие за каква болест станува збор.
Според спроведеното истражување првите заболени лица се регистирирани во Либерија и Сијера Леоне.
Епидемиолозите и инфектолозите сметаат дека е многу е важно да се открие таканаречениот нулти пациент, бидејќи на тој начин полесно може да се дојде до изворот на заразата, кој не е откриен дури четириесет години, односно од појава на првата епидемија на ебола во Африка.
Инаку досега од оваа болест починаа околу 1.000 лица, а државите се обидуваат да ја сопрат епидемијата од најсмртоносниот облик на вирусот ебола. На аеродромите се применуваат мерки за безбедност, со цел на време да се открие евентуално заразен патник, иако мала е можноста од ебола да заболат граѓани во развиените држави. Шпанскиот свештеник Мигуел Пајарес кој се наоѓа на лекување во мадридската болница, треба да добие експериментален лек, кој наводно му помогна на американскиот лекар кој се зарази во тек на лекување пациенти во Африка.
Е. Г.