Во Куманово зголемен интересот за снабдување со огревно дрво

Од:

Расте интересот на граѓаните за снабдување со огревно дрво пред почетокот на грејната сезона, а пред се поради намалените цени на огревното дрво.

Од кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“, информираат дека последниве неколку дена имаат зголемена побарувачка на огревно дрво.
-Располагаме со доволна количина дрва за да се задоволат потребите на граѓаните од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информира директорот на кумановската подружница Ваит Саити.

Новите цени на буковото огревно дрво со намалувањето од 10% изнесуваат 2.133,60 денари за метар просторен за физичките лица, додека за корисниците на социјална помош со 15 % попуст изнесуваат 2.015 денари за метар просторен. Надлежните од кумановската подружница информираат дека корисниците на социјална помош треба да достават потврда од надлежниот орган односно од Центарот за социјални работи.

Од кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“ соопштуваат дека во тек е и потпишување на договори со основни синдикални организации на претпријатија кои пак на своите вработени им овозможуваат купување дрва на рати.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски