Полски министер тврди: Путин го вовлекува Балканот во трговска војна

Од:

Полскиот министер за земјоделие Марек Савицки предупреди синоќа дека рускиот претседател Владимир Путин со најновата одлука да се блокира увоз на земјоделски производи од ЕУ, настојува да го вовлече Западен Балкан во трговска војна меѓу Русија и Западот.

– Можеби целта на Путин е да ги вовлече во трговска војна балканските држави. Се укажува на тоа дека балканските држави кои не се членки на ЕУ може да бидат пазари на кои Русија ќе купува храна. Тоа може да бидат елементи на играта на Путин. Сигурно дека ќе се обиде да ја подели Европа, изјави Савицки за полската телевизија ТВН-24.

Тој додаде дека во овој момент, „изгледа нема да можеме да продаваме на европскиот пазар и европските производители ќе останат со овошјето и зеленчукот на домашниот пазар“.

Новата одлука на Кремљ ќе ги погоди полските земјоделци и прехранбената индустрија и според Савицки, Полска нема да биде во состојба да го пренасочи извозот.

– Тешко ќе биде да добиеме компензации од ЕУ за нашите земјоделци, нагласи Савицки и додаде дека сметката ќе ја плати Русија бидејќи увезува половина од своите потреби за храна.

Отворено за трговска војна зборува и полскиот вицепремиер и министер за економија, Јануш Пјехочински кој како и Савицки е уверен дека Москва настојува да предизвика поделби во Европа.

– Одиме во војна каква што немало во Европа. Трговска војна. Трошоците и загубите ќе бидат на двете страни. Освен тоа, е и граѓанската војна во Украина која ја помагаат однадвор, вели тој.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски