Во Украина се борат најмалку 100 Срби

Од:

На страната на проруските сили во Украина моментално се борат најмалку стотина Срби, пренесуваат агенциите.

Покрај 45-те припадници на четничкото движење, таму се и 20 доброволци, како и 20-30 Срби или лица со српско потекло, кои порано живееле во Украина.

Како што пишуваат „Наше новине“, до сега се повредени тројца припадници на четничкото движење „Јован Шејиќ“, од кои еден потешко, а доброволецот снајперист Дејан од Сента бил заробен па ослободен во размена на затвореници.

Луѓето кои чекаат да се создадат услови и тие да заминат на фронтот и да им се приклучат на проруските сили, велат дека таму се заминува преку неколку организации од Србија.

Експертите за безбедност истакнуваат дека е тешко да се оцени точниот број на доброволци кои заминале во Украина, но според нив најважно е што тие заминале без дозвола и знаење на државата, бидејќи во спротивно, Србија би можело да има проблеми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала