На аеродромите посебни мерки за превентива од ебола

Од:

На Аеродромот Александар Велики се обезбедени посебни простории за изолација доколку се појави патник со симптоми на вирусот ебола. Лицето ќе престојува во овие простории се додека не биде преземен со специјално санитетско возило и ќе биде транспортиран на Клиниката за инфективни болести. За останатите патници кои имале контакт со заболен од ебола обезбеден е посебен карантински простор во кој ќе престојуваат 21 ден додека не се утврди дали имаат симптоми на вирусот.

Комисијата за заразни болести При Министерството за здравство вчера одржа координативен состанок со раководството на аеродромот „Александар Велики“ на кој стана збор за активностите кои треба тие да ги преземат и оние кои Комисијата ги презема со цел да бидат поподготвени за евентуална појава на заболен или сомнителен на вирусното заболување

– Она што во следниот период ќе биде преземено тоа е поголема будност на аеродромот, ќе бидат поделени памфлети за патници со основни препораки за заштита од ебола, за патници кои заминуваат во земји каде има заболени, како и за патници кои се враќаат за да знаат како да постапат доколку имаат влошување на здравјето, посочи Јованка Костовска.

Ќе преземеме, истакна таа, поголема координација со граничната служба и полицијата од аеродромот со тоа што ќе добиваме податоци за сите патници кои доаѓаат од ризичните земји каде има ебола без оглед дали имаат симптоми, тие ќе бидат распрашувани на аеродром и прегледани за нивната евентуална здравствена состојба и пуштени дома доколку се здрави. Потенцира дека тие ќе бидат контактирани постојано и ќе бидат под надзор во следните 21 ден колку што трае периодот на инкубација на тоа заболување.

– Обезбедени се сите мерки за превенција од ебола, а донесовме и протокол за постапување при јавно-здравствен настан од биолошки ризик, кој е усвоен на Комисијата за заразни болести пред неколку дена и е доставен до аеродромските служби и до сите надлежни институции каде точно е нотирано кој какви мерки презема, нагласи Костовска.

На Клиниката за инфективни болести, појасни, има две посебни соби со негативен притисок каде може да се згрижат по еден пациент, а останатите осум простории се како соби за изолација каде може околу 20 пациенти да се згрижат.

– Очекуваме сомнителен еден максимум до двајца во оваа ситуација во светски рамки како што е сега. Продолжуваме со секојдневни состаноци на Комисијата, со постојана комуникација со аеродромските власти и со граничната полиција и царината, со цел да бидеме навремено информирани за евентуална појава на заболен патник. Аеродромските власти имаат и свои постапки кои ги почитуваат и знаат точно да постапат како треба да се однесуваат ако во авионот има заболен или сомнителен патник и кого треба да известат, рече Костовска.

Еболата е заболување за кое за дијагностика е потребно биосигурносна лабораторија тип 4. – Не сите држави го имаат тоа, ниту пак ние, ниту пак другите држави од регионот. Токму затоа е договорено во такви случаи материјалот да се транспортира во референтни лаборатории кои можат да испитаат и да ни кажат дали се работи за ебола. Лекувањето е со симптоматска терапија. Клиниката за инфективни болести има воспоставено протоколи за лекување на сомнителен или заболен со ебола и ја имаат целосната потребна терапија, истакна Костовска.

Посочи дека од земјите каде има ебола: Гвинеја, Нигерија, Сиера Леоне и Либерија, не се очекува по сувоземен пат да пристигне сомнителен или заболен од ебола.

– Од овие земји обично се патува со авион, така што не очекуваме по сувоземен пат да пристигне евентуално заболено лице. Можеби би било по сувоземен пат ако епидемијата се прошири многу повеќе и во други држави, па да стигнат и на тој начин, рече Костовска.

Додаде дека досега немало најава од аеродромските служби за пациент сомнителен од некоја заразна болест или дека пристигнува од дестинација со некоја опасна заразна болест, а имало најава на пациенти кои во авион добиле инфаркт, се онесветиле или се со некое друго незаразно заболување, при што медицинските служби веднаш ги транспортирале со возило на Итната медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски