Во нигерискиот град Лагос има осум наводни случаи на заразени од ебола, бидејќи сите тие биле во контакт со лицето кое прво почина од смртоносниот вирус во Нигерија.
Патрик Сојер, кој е државјанин на САД и на Либерија, минатиот месец почина во Лагос речиси веднаш по пристигнувањето на аеродром. Вториот потврден случај на заболен од ебола во градот е лекарот кој се грижел за Сојер.
Здравствените власти во Лагос ги наљудуваат сите оние кои биле во контакт со Сојер. Освен осуммината, за кои се претпоставува дека се заразени, во карантин се ставени уште шест лица кои имале контакт со починатиот, иако кај нив не се откриени никакви симптоми.