Новиот претседaтел на либискиот парламент Агуила Иса беше избран денеска на седница на парламентот одржана во Тобрук, 1.500 км. од Триполи поради судирите во либискиот главен град.
На истата седница заклетва положија и 160 од 188 пратеници со што е формиран новиот состав на парламентот.
Државната ТВ пренесуваше од седницата на парламентот на која присуствуваа и претставници од Арапската лига, ОН и од Органзиацијата за исламска соработка. Исламистичките пратеници кои доминираа во претходниот состав на парламентот, ја бојкотираа седницата.