Словенија ги дава под концесија своите автопатишта

Од:

Владата на Словенија одлучи своите автопатишта да ги додели на концесионери на долг рок за да обезбеди средства во се попразниот државен буџет.

Словенечкиот министер за економија Радован Жерјав соопштувајќи го новиот пакет мерки за економско опоравување, рекол дека давањето на автопатиштата под концесија ќе обезбеди средства за финансирање инвестициски проекти преку директни државни вложувања и јавно-рпиватно партнерство.

„Наша намера е наскоро да распишеме тендер за консултант кој до пролет ќе најде инвестициски капитал за монетизација на автопатиштата и изградба на важни инфраструктурни проекти“, изјави Жерјав за Словенечката телевизија и најави пресметка со „сивата“ економија.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски