Шеснаесет либански војници, вклучувајќи и двајца офицери, и десетици вооружени напаѓачи се убиени во борбите во погранична област меѓу Либан и Сирија, што започнаа во саботата, соопшти денеска либиски воен претставник.
– Армијата загуби 16 војници, вклучувајќи и двајца високи офицери. Има и десетици загинати меѓу вооужените мажи, кои ги нападнаа воените позиции во Арсал, изјави воениот претставник.
Освен тоа, 13 војници и 20 полицајци се водат како исчезнати и наверојатно напаѓачите ги држат во заробеништво, посочи изворот од либанските безбедносни служби.
Тој дека од саботата, па досега неколку позиции на армијата биле цел на напади на џихадистите.
– Сите напади без исклучок беа одбиени. Напаѓачите успеаја да навлезат само во една од нашите позиции, но набрзо се повлекоа затоа што ја бомбардиравме. Сега се обидуваме повторно да доједеме до неа, прецизира воениот извор.