Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија

Од:

Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода.

– Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно  се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на нов пат,  бидејќи целосно се вади асфалтот, се рамни се и се става нов асфалт. Сето тоа е сложена операција во која се инвестираат околу 860 милиони евра, рече Груевски.

За изградба на овие патни правци, посочи, во моментов се ангажирани околу 760 работници, а се планира наскоро бројката да дојде до 2.200 работници.

– Освен што се работи на долгорочно решавање на проблемот со патиштата и автопатиштата во периодот додека тие се градат се решава и проблемот на вработување на голем број на лица. Темпото на изградба нема да застане бидејќи ова не се единствените патишта што ќе се градат. Во план е изградба и реконструкција на поголем број други патишта меѓу кои  Охрид-Пештани, Куманово-Табановце, Градско-Прилеп, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози