Либиската привремена Влада денеска соопшти дека 22 лица загинале во последните 24 часа во судирите меѓу спротивставените вооружени групи за преземање контрола врз аеродромот во Триполи.
Властите во соопштението наведуваат дека вооружените групи гранатирале „цивилни цели“, загрозувајќи ги животите на илјадници граѓани и принудувајќи стотина семејства да ги напуштат своите домови.
Либија е погодена од најтешкиот бран на насилство од 2011 година, кога беше соборен од власт долгогодишниот лидер Муамер Гадафи.