ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Убиецот на две деца селаните го запалија на лице место

Од:

Правдата во Гватемала е се само не е спора. Убиецот на две деца во едно училиште во покраината Алта Верапаз, не ја дочека „правдата“ на суд. Запален е пред самото училиште откако го фатиле селаните.

Министерот за Внатрешни работи на Гватемала, Маурисио Бониља, потврди дека пијаниот Хулио Саквил влегол во училиштето и со мачета им ги пресекол грлата на две деца. Жителите на селото откако го фатиле 35 годишниот убиец, го ставиле на оган во училишниот двор и го запалиле.

„Тој влезе во една од училниците и ги нападна децата, при што потполно му ја отсече главата на 13 годишно момче, а на 8 годишното девојче и го пресече грлото“ рече локален пожарникар.

Линчот не е редок случај во Гватемала. Во 2011 година имало 234 обиди за линч, притоа биле убиени најмалку 40 лица.

Криминалците што ќе бидат фатени, прво „поминуваат“ низ рацете на разгневените луѓе, а среќни се тие што ќе успеат полицијата да ги спаси на време. Боксови, со нозе, палки, граѓаните тепаат со што ќе стигнат.

Еве некои случаи…

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер