Иако го бие глас дека е голем женкар, славниот американски актер Џек Николсон морал повеќе да се брани од додворувачи отколку од додворувачки.
Така барем тврди неговата поранешна сопруга и колешка Анџелика Хјустон која со него во брак беше 16 години.
– Беше во центарот на вниманието, секако на жените, но и на мажите. Тие дури и беа полоши од жените, го напаѓаа како тинејџерки, извикувајќи Џек!, Џек!, Џек!, рече таа.
Шеесет и тригодишната акерка во интервју за американската тв мрежа Си-би-ес, рекла дека Џек го запознала во 1973 година на забава во неговата куќа во Лос Анџелес.
– Тоа беше љубов на прв поглед, истакна Анџелика која од 77-годишниот актер се разведе 1989 година, кога доби дете со друга актерка.