По претходно добиената писмена согласност од клубовите натпреварот Работнички – Металург во рамките на 1.коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра на 4 август 2014 година со почеток од 17 часот и 30 минути на Арена „Филип Втори“ во Скопје, соопштија денеска од ФФМ.
Промена на терминот на одигрување на натпреварот е поради учество на екипата на Металург во квалификациите во Лига Европа.
Три натпревари ќе се одиграат в недела, а двојките се: Пелистер – Вардар, Шкендија – Брегалица, Силекс – Хоризонт Турново.
Новата сезона ќе ја отворат Ренова и Тетекс цо дуелот во Тетово в сабота од 17:30 часот.