Порталот „Алмакос“ објави есклузивно видео од престрелката во центарот за Дебар, кога четворица маскирани лица се обиделе да ја ограбат златарницата во центарот на Дебар.
Сопственикот пукал и ранил еден од нив, додека другите побегнале.
Според првичните информации, како што јави „Алфа“ околу 13 часот маскираните вооружени со автоматско оружје влегле во златарниците со намера да ги ограбат, на што се соочиле со отпор од нивните сопственици. Притоа криминалците го употребиле огненото оружје, ранувајќи еден од сопствениците на златарите со три куршуми. Покрај него, со повреди се здобил и човек кој во моментот на грабежот се наоѓал во златарницата како купувач. Сведоци на настанот велат дека куршум во ногата заработил и еден таксист кој со своето возило им го попречил патот на дрските криминалци.
Првичните информации говорат дека сопственикот на златарницата е повреден во стомакот и во ногата, поради што е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде над него е извршен оперативен зафат.
По престрелката, која се одвивала пред очите на голем број граѓани на Дебар, разбојниците побегнале со џип кој насилно го одзеле од човек кој во тој момент поминувал на улицата.
Дебарската полиција започна интензивна потера по криминалците. Постои основано сомневање дека разбојниците се од соседна Албанија поради што за да не им дозволи да побегнат, полицијата привремено го затвори граничниот премин кај Дебар.