Лидерите на четири европски земји и Барак Обама вчера повикаа nа прекин на огнот во Либија и апелираа ОН да преземат водечка улога во напорите за ставање крај на насилствата и безредието во земјата и враќање на стабилноста.
Повикот е упатен по телефонска конференција меѓу американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и италијанскиот премиер Матео Ренци, се наведува во соопштение на германската Влада.
Петмината шефови на држави или влади го осудија насилството врз цивили, заплашувањето и опструкцијата на државни службеници и отежнувањето на политичкиот процес, се истакнува во соопштението.
Лидерите на четирите европски држави и САД изразиле согласнот од неопходен итен прекин на борбите меѓу локалните милитантни групи и властите во Триполи.