На „Охридско лето“ вечер посветена на композиторот Томислав Зографски

Од:

Со изведба на дела на македонскиот композитор Томислав Зографски, во исполнение на домашни уметници, вечерва во рамки на „Охридско лето“ ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа.

Концертот е закажан за 21 часот во катедралната црква „Света Софија“, а делата на Зографски ќе ги исполнуваат флејтистот Страшо Темков, мецосопранот Ирена Кавкалевска, обоистката Марина Арсова, младите надежни солисти на виолина Бојан Илкоски и Ѓорѓи Петровски, како и пијанистката Анастасија Грговска. Дел од концертот ќе биде и квартетот што го носи името на Зографски.

Селекторот на музичката програма на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска за вечерашниот концерт истакна дека е во рамки на заложбите за вметнување на македонското музичко творештво во фестивалските програми.

– Организираме авторски концерти, настојуваме делата на нашите композитори да звучат во изведбата како на македонските уметници, така и солистите и ансамблите од странство. Овој пат авторската вечер му е посветена на еден од најзначајните македонски музички творци Томислав Зографски, со што фестивалот се вклучува во одбележувањето на 80 години од неговото раѓање„, изјави Јосифова-Неделковска.

Томислав Зографски (1934 – 2000) е еден од основоположниците на македонската композиторска школа, дипломец на Музичката академија во Белград. Од 1967 година до крајот на својот живот бил професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Зографски е композитор кој во шеесеттите години на дваесеттиот век меѓу првите ги внел карактеристиките на неокласицизмот во македонската музика. Освен тоа, кон крајот на шеесеттите години во некои од неговите дела се присутни тогаш најсовремените композиторски постапки на европската авангарда. Благодарение на неговиот широк творечки интерес кој не запира само на овие две веќе спомнати сфери, тој ја збогатува македонската музика со повеќе од 160 дела од сите музички жанрови. Неговите дела се изведувани во повеќе музички центри во светот, со реномирани оркестри и диригенти. Покрај творечката, значајна е и неговата педагошка дејност.

Имено, Томислав Зографски, како педагог на ФМУ во Скопје, оформил една цела класа помлади, а денес меѓународно афирмирани композитори. Добитник е на две награди за животно дело: државната награда „11 Октомври” и Наградата на Сојузот на композиторите на Македонија „Трајко Прокопиев”, како и на голем број значајни награди за одделни композиции и за филмска музика.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ