Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во Вила Билјана во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. Летна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ којашто се одржува во Охрид до 29 август годинава.

Истакнувајќи го големото значење на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, Претседателката оцени дека големиот интерес во светот за македонистиката преку дејноста на 11 македонистички лекторати, ја нагласува потребата од нивно зголемување и преку универзитетски центри за изучување на македонскиот јазик, литература и култура.

Претседателката им посака успешно реализирање на предвидената програма на 57. Летна школа додавајќи дека истата со своите разновидни содржини претставува можност за стекнување на едукација во пракса, остварување на различни видови на соработка и придонесува за развојот на лекторатите по македонистика во светот и културната дипломатија.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. На годинешната 57. Летна школа којашто се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ учествуваат 65 македонисти од 17 земји.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он