Репрезентативецот на Хрватска Дејан Ловрен е нов играч на англискиот вицешампион Ливерпул. Тој, откако успешно ги мина медицинските прегледи потпиша договор со тимот од Енфилд.
За трансферот на Ловрен од Саутемптон, Ливерпул плати 20 милиони фунти со што Хрватот стана дефанзивец за кого Ливерпул платил најголемо обештетување.
Претходната сезона Ловрен играше за премиерлигашот Саутемптон и на 32 натпревара постигна три гола (еден против Ливерпул на Енфилд). По тој натпревар Ловрен посакал еден ден да стане член на „црвените“, воедно тој беше и едно од посакуваните засилувања на менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс.
Ловрен играше и за француската екипа Олимпик Лион, како и за хрватските екипи Динамо Загреб и Интер Запрешиќ. Тој е третиот фудбалер, кој од Саутемптон ова лето се пресели во Ливерпул, по англиските репрезентативци Рики Ламберт и Адам Лалана.
Се очекува деновиве хрватскиот репрезентативец да замине во САД каде Ливерпул се наоѓа на подготовки.