Нисмо ја претстави спортската верзија на моделот Ноте, под името Нисмо, што во продажба се очекува оваа есен во две изведни Ноте Нисмо и Нисмо С.
Ноте е петтиот модел на јапонската компанија Нисна од спортскиот оддел Нисмо.
Нисан се уште нема објавено технички детали за моделто, но познато е дека Ноте Нисмо ќе биде придвижуван од турбобензински мотор, што силата ќе ја пренесува преку 5 брзински рачен менувач.
Визуелно Ноте Нисмо од обичниот модел ќе се разликува според предната маска, модифицираниот преден и заден браник, специјалните аеродинамички додатоци на праговите како и спојлерот на покривот и препознатливите црвени ретровизори за Нисмо моделите.
Ноте Нисмо доаѓа и со специјални спортски седишта како дел од стандардната сериска опрема за моделот Нисмо С и како опција за Нисмо моделот.
Директорот на Нисмо одделот Шоичи Мијатани изјави дека по повод 30. роденден на Нисмо брендот компанијата планира да го зголеми бројот на модели во понудата.