Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната седмица, изјави за програмата „Гласот на народот“ посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.
Ќе поминам две деноноќија во Скопје и во Атина со државниот врв на двете земји, на кој се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името, потенцира Нимиц.