Најмалку четри лица синоќа загинаа во самоубиствениот напад врз воена база во источниот либиски град Бенгази, јави ДПА.
Со тоа бројот на жртвите во судирите што почнаа од понеделникот во Бенгази меѓу армијата и исламистичките милиции се искачи на 20.
Либиските медиуми јавија дека исламистичката група Ансар ал Шариа зазела три воени објекти во градот.
Судирите во Бенгази се случуваат една недела откако сопернички милиции се бореа за контрола над меѓународниот аеродром во Триполи.