Илјадници лица се евакуирани, откако од вулканот Фуего започна да излегува лава и пепел.
Локалното население изјави дека во текот на ерупциите, се треселе куќите.
Според експертите, ова е најголемата ерупција на вулканот Фуего по 1999-та година.
„Ќе направиме се што е во наша моќ да спречиме повреди и смртни случаи“, изјави претседателот на Гватемала, Отто Перез Молина.
Првично беше планирано да се евакуираат 33 илјади луѓ од 17 градови и села, меѓутоа евакуирани се само 11 илјади, поради тоа што ерупцијата започнала да се смирува.
Фуего, вулкан кој е висок 3.760 метри, е еден од најактивните вулкани во Централна Америка.