Седница на Комисијата за економски прашања

Од:

Матичната собраниска Комисија за економски прашања на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, во прво читање, и едногласно и без расправа заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

Целта на измените, како што појасни државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов, е да се допрецизира и доуреди текстот на законот заради подоследна примена од страна на субјектите.

– Се врши допрецизирање со тоа што се дава можност за пријавите за упис на адреса на електронско сандаче поднесени од страна на субјектите до крајот на годинава, да им се евидентира без надоместок. Понатаму се определува дека изјавата за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи е задолжителен прилог кон секоја годишна сметка и финансиски извештај потпишани од застапникот по закон. Ако се предадат во хартиена форма изјавата и финансискиот извештај се потпишуваат нормално, а ако се поднесуваат во електронска форма се потпишуваат со електронски потпис, рече Трифунов.

Предлогот не предизвикува фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

A1on

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“