Акција за Здружението „Анималиа“ за решавање на пробемот со бездомните животни во Охрид

Од:

Активисти на Здружението за заштита на животните „Анималиа“ од Охрид вчера спроведе акција за подигнување на свеста кај населението за проблематиката со бездомните животни, но и за собирање средства за реализација на проекти на здружението.

Димитар Ставрески од Здружението „Анималиа“ изјави дека активистите собираат донации за нега и лекување на бездомните кучиња, како уловените така и за оние што талкаат низ градот.

Од Здружението најавуваат дека слични акции ќе се организираат во текот на летото, за преку странците кои пројавуваат голем интерес за проблематиката да се направи поврзување со некои фондации и сродни организизации и здруженија за евентуална соработка и помош на локалното здружение за заштита на животните.

Во Здружението планираат да соберат средства за изградба на соодветно прифатилиште на бездомните животни од градот, за што веќе се остварени контакти со локалната самоуправа, за актуелизирање на проблемот.

Инаку, во текот на вчерашната акција спроведена на Градскиот плоштад во Охрид едно од бездомните кучиња од градот го доби својот сопственик и замина во неговиот нов дом во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента