Албанскиот претседател утре доаѓа во Охрид

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани утре доаѓа во Охрид, на средба со неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов.

Средбата според информации на А1 ќе биде неформална, иако предвидени се и изјави за медиумите по завршувањето на средбата во вилата Биљана во Охрид.

Нишани доаѓа во период кога во Македонија владее политичка криза и несогласувања помеѓу партнерите во владината коалиција ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ. Нема информации дали причина за доаѓањето на албанскиот претседател во земјава е токму тоа, и дали тој утре ќе има средби и со претставници на албанските политички партии во Македонија.

Не се знае на чие барање е средбата која се случува во еден исклучително интересен политички период во Македонија и кога точно Нишани пристигнува во Охрид, иако средбата со Иванов е предвидена се уште неофицијално за 13 часот.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on