Голем интерес за градење викендички на Пониква

Од:

На 17. јавно надавање продадени се петте понудени парцели за изградба на викенд куќички во Спортско рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини. Продажбата е извршена по цена од 200 до 250 денари за метар квадратен со површина од 530 до 750 метри квадратни.

– Интересот за градба на викендички и објекти за сместување во комерцијална намена е мошне голем. Пониква е интересна за инвеститорите од сите краеви на Македонија па дури и од странство. Со општина Пробиштип правиме напори да ги урбанизираме останатите делови од рекреативниот центар Пониква и со обезбедената инфраструктура да ги понудиме за продажба, изјави градоначалник на општина Кочани Ратко Димитровски.

За разлика од парцелите на Пониква, во повеке делови на градот за продажва се понудени 16 плаца од кои се продадени седум. Сепак, велат од Општината, интересот на граѓаните за индивидуална станбена изградба во Кочани е на задоволително ниво.

Би можело да ве интересира

Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква

А1он

Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

Горан Наумовски

Полицијата утре ќе вежба накај Пониква, регионалниот пат кон Кочани ќе биде затворен

Жарко Настоски

Несовесни граѓани со автомобили оштетиле ски-патека на Пониква

Ана Ололовска

Милевски: По 40 години Пониква добива реконструирани ски лифтови

Ана Ололовска

Меѓународна планинарска тура „Дојди на Пониква, запознај го регионот“

Ана Ололовска