Обама изрази загриженост поради се поголемиот број жртви во судирот меѓу Израел и Палестинците

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изразил загриженост поради растечкиот број жртви во судирите меѓу Израел и Палестинците.

Обама разговарал со Нетанјаху втор пат во изминатите три дена, повторно истакнувајќи дека Израел има право да се брани и осудивајќи ги ракетните напади на Хамас против Израел.

– Претседателот изрази сериозна загриженост поради растечкиот број жртви, вклучително зголемувањето на бројот на палестински цивилни жртви во Газа и загинатите израелски војници, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Обама, исто така, изјавил дека американскиот државен секретар Џон Кери наскоро ќе допатува во Каиро во обид за итен прекин на судирите и враќање на договорот за прекин на огнот од ноември 2012 година.

– Претседателот нагласи дека САД ќе соработуваат блиску со Израел и регионалните партнери за примена на моментален преки на огнот и нагласи за потребата од заштита на цивилите во Газа и Израел, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ