Германецот Нико Розберг ќе стартува прв на домашното Гранд при, откако на денешните квалификации во Хокенхајм оствари најдобро време.
Ова му дава големи шанси за зацрвстување на својата водечка позиција во генералниот поредок, особено по излетувањето на клупскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, кој утре ќе стартува од последниот ред.
Добри квалификации денеска имаа и двајата возачи на Вилијамс, Ботас и Маса, кои завршија на втората и третата позиција, а со солидни пласмани се и Магнусен, Рикардо, Фетел и Алонсо.
Главната трка за ГН на Германија ќе се вози утре од стандардниот термин од 14.00 часот.