Околу 30 набљудувачи и експерти од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пристигнаа на местото каде вчера падна малезискиот авион, во кој имаше 298 патници и екипаж, соопшти портпаролот на швајцарското претседателство со организацијата Роланд Блес.
Контакт групата, во која има дипломати од ОБСЕ, Русија и Украина, се сретнале и разговарале со лидери на проруските сепаратисти преку видео-конференциска врска, јави БТА.