Неколку стотина демонстранти тргнаа од џамијата Јаја Паша на протестот против доживотните казни изречени за обвинетите во случајот „Монструм“.
Демонстрантите скандираат „УЧК“ и „Јанкулоска терорист“ и носат транспаренти на кои пишува „Пресуда по диктат“, „Слобода за невините„ и „Пред судење прогласени за виновни“.
На чело на колоната е градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
Голем број на полициски сили и припадници на Единицата за брзо распоредување се распоредени кај Чаирчанка и булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со цел да спречат ескалирање на протестите.
Петар Клинчарски