МИА објави писмо на Нимиц од 2005 година

Од:

На документот, со ознака за доверливост кое го објави МИА е содржано писмо на медијаторот Метју Нимиц до преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис, предлог за решение на името и анекс на предлогот во кој се прецизирани идентитетските прашања.

Во писмото што го објави новинската агенција МИА натаму пишува:

Подоцна Игор Џундев од постојаната мисија на Република Македонија во ОН го испраќа предлогот до тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, тогашниот премиер Владо Бучковски и тогашниот министер за надворешни работи Илинка Митрева.

Во предлогот во точка Ц, јасно стои дека идентитетските прашања ќе бидат содржани во анексот на документот, кој е даден во прилог. Во анексот на документот на кој се повикува предлогот, во делот на националност нема македонски, „macedonian“, туку постои терминот „граѓани на Република Македонија“, како ознака за националноста.

Во делот за јазикот наместо „македонски“-„macedonian“, стои „македк“-„macedc“.

Овој предлог во 2005 година беше прифатен од сите политички партии, освен од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски го напушти состанокот. Деновиве, владејачката партија го обвини Црвенковски дека со прифаќањето на овој предлог тој ги внел идентитетските прашања во разговорите со Грција.

Црвенковски тврдеше дека тој предлог ги гарантирал идентитетските прашања. Во вчерашно интервју на една национална телевизија тој повторно истакна дека идентитетот е гарантиран.

Анексот на предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 го потврдува спротивното.

Во декември 2009 година, тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас во дискусија во грчкиот парламент истакна дека идентитетските прашања биле внесени во преговорите со предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 година, предлог кој сегашниот премиер Груевски од улога на опозициски лидер го одби.

[nggallery id=49]

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски