Илбер Адеми, нов директор на гостиварската болница

Од:

Илбер Адеми, хирург-уролог е новиот директор на општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Смената на раководното место во оваа здравствена установа доаѓа откако доскорешниот прв човек на болницата д-р Ферид Муча поднел оставка пред неколку дена.

Адеми има 13-годишно работно искуство во гостиварската болница.

Тој на примопредавањето на фукцијата најави дека ќе се залага за нови инвестиции и воведување модерни услуги.

– Нема да се затворам во директорскиот кабинет. Онолку колку што ќе ми дозволат обврските, ќе продолжам да лекувам пациенти, изјави Адеми.
Д-р Ферид Муча раководеше со гостиварската болница изминативе четири години, а оставката ја поднел од лични причини. Тој се враќа на работното место како педијатар на Детското одделение.

Општата болница „Ферит Мурад“ важи за најброен колектив во гостиварската општина со над петстотни вработени.

Би можело да ве интересира

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски

Маж од Гостивар со измама од познаник зел 5.000 евра

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата