Розберг го продолжи договорот со Мерцедес

Од:

Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Нико Розберг, потпишал нов, повеќегодишен договор со Мерцедес. Розберг вози за Мерцедес од 2010 година, тој во изминатиот период забележал пет победи, 17 пати се искачувал на победничкиот пиедестал и освоил осум пол позиции.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф рекол дека новиот договор на Розберг, на тимот во иднина ќе му донесе стабилност и континуитет.

Нико Розберг, во пресрет на трката за Големата награда на Германија, кој во недела ќе се вози во Хокенхајм, води во генералниот пласман во четири бода повеќе од тимскиот колега Луис Хамилтон.

Мерцедес е лидер во вкупниот пласман кај конструкторите со 326 бодови, 158 повеќе од второпласираниот Ред Бул.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он