Капитенот на германската фудбалска репрезентација Филип Лам по освојувањето на шампионскиот трофеј рече дека во нивниот табор тимот е пред индивидуите.
– Без оглед дали ги имаме најдобрите играчи или не, важно е што го имаме најдобриот тим. Единствени, сплотени и со трпелива игра стигнавме до целта. Не дозволивме ништо да не исфрли од колосек. Постепено и сигурно го чекоревме својот пат. Да се биде на врвот на светскиот фудбал е неверојатно чувство, истакна Лам.
Германија синоќа со 1:0 по продолженија ја победи Аргентина и стигна до својата четвртата шампионска титула.